Sunday, October 25, 2009

Pear crumble / crisp

Заборавете на peach cobbler. Кога ќе го пробате овој рецепт ќе ги баталите сите други рецепти за благо. А тек кога ќе видите колку е лесно да се направи колачево. Кога јас го направив, го скрив од другите во станов за да го јадам сама... со голема лажица.... !


Овој crumble беше совршен со круши, но е поеднакво вкусен со јаболка и цимет, сливи, праски или кајсии, или мешавина од неколку овошја. Нема потреба да го мерите овошјето. Ако сакате повеќе овошје од тесто, тогаш така направете го и подесете ја количината на шеќер (на сливите ќе им треба повеќе шеќер одколку на крушите)

7 круши
1-2 лажици шеќер
малку цимет

за тестото
1 шоља овсени снегулки (oats) (ако некој се сети на подобар термин на македонски за оats ве молам нека каже)
1 шоља брашно
1 шоља шеќер
1/2 шоља путер (стопен или омекнат)
1/2 шоља ореви
ронка цимет


Исечете ги крушите на парчиња (јас некои излупив а некои не - јаболката би требало да се излупат, а сливите не мораат). Измешајте го овошјето со шеќерот и циметот и ставете го во подлабоко тавче за печење.

Измешајте ги сите состојки за тестото. Тестото треба да изгледа како големи ронки. Оставете и по некоја поголема грутка - овие ќе бидат супер слатки кога ке се испечат.

Истурете го тестото врз овошјето и притиснете го малку - не претерувајте ! Печете го колачето на околу 180 - 200 степени околу 30 - 45 минути. Кога ќе биде заруменето ќе знаете дека е готово. Јадете го со пудинг или сладолод од ванила. Колачето може да стои на собна температура 3-4 дена, и тестото сеуште ќе биде крцакво поради оревите.



Another crumble recipe: Fruit crumble
Share/Bookmark

2 comments:

Unknown said...

yum - looks awesome. bringing some into the office?

Marlie said...

Love this site!!!!!!!!! X Marlie