похован карфиол:
сварете го карфиолот исечен на парчиња во вода со маааалку млеко и сол, да омекне, ама не премногу. потоа исцедете го и секое парче извалкајте го во брашно, па во изматено јајце со сол и мааалку вода и ставете го да се пржи во тавче со малку зејтин. превртувајте ги парчињата да се испржат од сите страни.

марокански наут:
испржете еден кромид исечен на кришки во малку зејтин со 1 лажица мед. додадете 1 лажиче кумин, пола лажиче коријандер и 1/4 лажиче цимет, па пржете уште малку. потоа додадете една шоља сварен наут и една конзерва лупени патлиџани. мешајте повремено додека патлиџаните не се распаднат и сето не се измеша убаво.

ние ова го јадевме со парчиња пилешко бело месо зготвени на тостер.

No comments:
Post a Comment