Wednesday, September 23, 2009
Пилешки стек на тостер
пилешко бело месо, ставете да се маринира неколку часа во малку зејтин и вегета (а можете да купите и веќе маринирано). потоа (или пред маринирањето) до пола засечете го на страната каде што е најдебело, отворете го и стевете го врз алуминиумска фолија на загреан тостер на средно. печете го 10тина минути и одвреме-навреме ѕиркајте до каде е. а откако ќе го извадите стекот, на тостерот можете да ставите парчиња леб да се запечат и да попримат од мирисот.
компирчињата на сликата се пржени во еден слој на малку зејтин, прво од едната страна, да се заруменат, па од другата.
No comments:
Post a Comment