пред неколку дена се наканив да направам палачинки. рецептот ми е од мајка ми и лесно се прават, освен што треба да се стои до шпорет подолго време. рецептот е ваков:
3 јајца
250 ml обична или кисела вода
250 ml млеко
15 лажици брашно
сето се мати, може да се додаде уште вода, млеко или брашно, по потреба. треба да биде ретка маса. се остава во фрижидер пола саат и пред пржењето се додава малку зејтин.
поголемиот дел од смесата веќе ја испржив и мартин веќе изеде неколку со сирење и неколку со еурокрем кога ми текна да додадам динстана тиква (која ја имавме во фрижидер) во смесата. палачинките со тиквата излегоа подебели, ама беа многу вкусни со уште динстана тиква или со еурокрем.
a few days ago i decided to make some pancakes. the recipe is from my mother and it's very simple:
3eggs
250 ml water
250 ml milk
15 tablespoons flour
mix everything, add more water, milk or flour if needed. the dough should be fairly thin. leave in the fridge for half an hour, then add a little oil and fry the pancakes.
i fried most of the dough like this, but then i got an idea to put some pumpkin puree in the dough. these pumpkin pancakes are thicker, but they were very tasty with more pumpkin and with nuttela.
1 comment:
Линк на Пинг до овој блог-запис:
* Палачинки со тиква
Post a Comment