Wednesday, June 9, 2010

Домашен еурокрем / Homemade nutella


се трудиме да се храниме здраво. на пример избегаваме работи кои имаат многу конзерванси. еурокрем е една од работите кои имаат многу конзерванси. тешко се живее без еурокрем. затоа бев многу среќна кога наидов на рецепти за правење еурокрем дома. ги искомбинирав, некои состојки ги исфрлив, како на пример, зејтин, и тоа што го добив беше феноменално, многу лесен за правење, а за вкусот немам зборови.   


1 шоља цели лешници, непечени (или малку помалце, дека некои лешници беа изедени пред да бидат сомелени)
1-2 лажици какао
1-2 лажици шеќер во прав

најдобро би било кога би имале food processor. јас такво немам. имам блендер на кој му треба барем малку течност за да работи, и имам мала електрична мелница за кафе, па еурокремот го направив во неа, во три тури. ако доволно долго ги мелете лешниците (4-5 минути) стануваат кремасти. потоа само додадете го какаото и шеќерот во прав и измиксајте сé заедно. и толку.


го изедовме скоро целото со палачинки. следниот пат ќе пробам да оставам еден бел дел со јак вкус на лешници, а во кафеавиот да ставам, што знам, хопла, да не биде толку лешникаст.


we try to maintain healthy diet. we try to avoid food with preservatives. nutella is one of the things with too much preservatives. it's hard to live without nutella, so i was thrilled to find recipes for homemade nutella. the result was fantastic.


1 cup whole raw hazelnuts (or less, we ate some of the hazelnuts before they were ground)
1 tablespoon cocoa
1 tablespoon confectioner's sugar

this is best done in a food processor. but i don't have one. i have a blender which needs some liquid to work and i have a small electric coffie grinder, so i made the nutella in the coffie grinder, in three batches. if you process the hazelnuts long enough (4-5 minutes) they become creamy. just add the cocoa and the sugar and mix well.

we ate this all with pancakes. next time i plan to leave one part white, without cocoa and with strong hazelnut taste, and i'll add something like double cream in the brown part so it's not so hazelnuty.
Share/Bookmark

2 comments:

Kitchen Butterfly said...

I will have to try this as my daughter loves nutella. She would be wowed...

bojana said...

:-) who doesn't love nutella.