ако сте купиле урда за некој друг рецепт (на пример за овој) и ви останало многу, еве добар начин да ја искористите: мафини. со урда. благи. невероватно вкусни. и покрај тоа што наполно заборавив да го ставам зејтинот во тестото. на пола правење на мафиниве дојде комшиката од станот под мене и изјави дека во нејзиното купатило тече од моето. во целата таа гужва некако успеав да ги завршам мафините. и многу беа вкусни. урдата некако... и анасонот... многу интересно.
рецепт од тука.
за 14 мафини
тесто:
2 лажички анасон тостирани 2-3 минути на слаба рингла, со постојано мешање и после истолчени
3 шољи брашно
3/4 шоља шеќер
1 кесичка прашок за пециво
3/4 лажичка сода бикарбона
1 шоља павлака + пола шоља млеко (или малку повеќе)
3/4 шоља зејтин (ама јас скроз го заборавив)
ова сé се меша со жица за матење или со 2 вилушки.
фил
1 шоља урда + 6 преполни лажички павлака + 1 кесичка ванилин шеќер
тавчето за мафини, подмачкано со маргарин или наредено со хартиени чашки, наполнете го со тесто до 1/3 од висината на чашките, во средината ставете по една полна лажица од филот, па останатото тесто и посипете ги мафините со сецкани ореви.
печете ги околу 25 минути во загреана рерна на 180°C.
recipe from here.
batter:
2 teaspoons fennel seeds
3 cups all-purpose flour
3/4 cup granulated sugar
12 gr baking powder
3/4 teaspoon baking soda
1 cup sour cream + 1/2 cup milk
3/4 cup vegetable oil (i complitely forgot to put the oil)
mix all this with a whisk or two forks.
filling:
1 cup ricotta cheese + 6 full teaspoons sour cream + 1 sachet vanilla sugar
butter the muffin tin, or use paper cups and fill them with batter 1/3 of the height. put one full tablespoon of filling in the middle, then the rest of the batter. top with chopped walnuts.
bake the muffins around 25 minutes in an oven preheated at 180°C.
1 comment:
Ha ha, tece vo kupatilo... tece !!!
Post a Comment