Thursday, August 12, 2010

Чоколадна торта / Chocolate cake


ова е најдобрата чоколадна торта што некогаш сум ја пробала. мајка ми го има доведено рецептот до совршенство.

фил:
200 ml вода
200 gr шеќер
100 gr какао
1 путер, омекнат
250 gr шеќер во прав
8 жолчки

тесто:
8 белки
200 gr шеќер, или малку помалку
4 лажици презла
3 лажици брашно


прво направете го чоколадото: во мало тенџерче измешајте ги 200та грама шеќер и какаото од филот, ставете ги на шпорет на средно и постепено, со мешање додадете ја водата, па мешајте сето тоа малку да се згусне и шеќерот да се растопи. тргнете го на страна да се олади.

за филот: изматете го путерот со шеќерот во прав, додадете ги жолчките, изматете, па додадете го и чоколадото, оладено.

за тестото: измешајте ги сите состојки за тестото и додадете им 4 лажици од филот. тестото се пече во најголемиот плех од шпоретот, подмачкан со зејтин и побрашнет, или на хартија за печење, која не е лошо дополнително малку да ја намачкате со зејтин. на почетокот се пече на 200°C, 20тина минути, а потоа на 160° уште 5-10 минути, зависи од шпоретот, проверете од време на време.

кога тестото ќе се подолади исечете го на 3 ленти, по должина или по ширина, во зависност дали сакате потесна подолга или поширока пократка торта. првото тесто намачкајте го со фил, а добро е ова да го правите на тањирот на кој ќе ја послужите, врз него ставете го второто тесто, намачкајте го со фил, па третото и сега премачкајте ја целата торта со филот, и од горе и од страните.


можете да ја оставите тортата така, само премачкана со фил од сите страни, а можете и да ја украсите вака како што ја украсив јас за два родендена.
првата ја посипав со плави мрвици (море) и истолчени бисквити (песок) и ја наредив со чоколадни школки атлантис, а втората ја посипав со зелени мрвици (трева) и на неа наредив пајаци и црви од желе и чоколадо (имам модли во форма на пајак и црв и некои слични ствари).



vb


Share/Bookmark

2 comments:

Anonymous said...

Неколку дена листав рецепти по нет за каква торта да направам за роденденот на сопругот во сабота, и на крај се одлучив за чоколаднава тора. Едноставен рецепт, а се надевам вкусна торта, иако судејќи по тоа како сопругот и синчето ги јадеа крајчињата од пандишпанот и го сркаа остатокот од филот, уште сега на непробано можам да кажам дека е превкусна =))

Maja said...

Fala Anonymous ! I nas ovaa ni e omilena i majka ni ja pravi za site rodendeni ! i sreken rodenden na vashiot soprug !