Saturday, August 21, 2010

Домашно песто / Homemade pesto


одамна ја имам оваа алатка за сецкање тревки што се вика мезалуна и пред сто години го имам букмаркирано овој рецепт за правење песто како што го прават италијанските баби, а и секоја година садам босилок на тераса, ама дури сега се наканив да направам песто. мислев дека е страшно тешко, сецкањето, ама не е. ок, има доста сецкање, и не мора да имате мезалуна, може да употребите и голем остар нож, ама целиот напор се исплати. домашното песто има појак и посвеж вкус од купечкото.


ви треба:
купче свеж босилок, само ливчињата, колку се помлади, толку подобро
3 лукчиња
шака пињоли (јас ставив цела кесичка од оние што се продаваат во веро)
3/4 шоља свежо изрендан пармезан
неколку лажици маслиново масло

почнете со сецкање на лукчето со 1/3 од босилокот, па постепено додавајте босилок и сецкајте, потоа додадете пола од пињолите, сецкајте, па останатите пињоли, уште сецкајте, додајте пола од пармезанот, сецкајте, па останатиот пармезан, уште сецкајте додека сé не стане ептен ситно исецкано и убаво измешано.

ставете го пестото во тегличка и покријте го со неколку лажици маслиново масло. пестото може да стои во фрижидер недела - две, ама најубаво е првите денови.


i have this mezzaluna for ages and i bookmarked this recipe for making pesto like an italian grandmother a hundred years ago and although i grow my own basil, i haven't made pesto till now. i thought it would be very hard, but it isn't. there is a lot of chopping but it's worth it, homemade pesto is much more flavourful.


you'll need:

a large bunch of fresh basil, leaves only
3 cloves of garlic
one handful of raw pine nuts
3/4 cup parmesan, loosely packed and freshly grated
a few tablespoons of extra-virgin olive oil

start by chopping the garlic with 1/3 of the basil, add more basil, chop, add half of the pine nuts, chop, the rest of the pine nuts, chop, add half of the parmesan, chop, add the rest of the parmesan and chop until everything is finelly minced.
put the pesto in a jar and cover with a few tablespoons of extra-virgin olive oil. you can keep the pesto in the fridge for a couple of weeks, but it's best in the first few days. 


Share/Bookmark

4 comments:

Dinara said...

Ohhh, your blog is soooo yummy!!!! Everything looks soo tasty and delicious!

bojana said...

thanks, dinara :-)

Couscous & Consciousness said...

Oh, I love good, home-made pesto, and make it as much as I can in the summer (I am in winter right now). Beautiful blog. Are you in Greece?
Sue

Maja said...

Thanks so much Sue ! We are two sisters from Macedonia, my sister Bojana lives in the Macedonian capital Skopje, and I live in Holland. Thanks for reading !!