Saturday, December 25, 2010

Ушеќерени кори од портокал / Candied orange peel


кора од 4 портокала
2 шољи шеќер
1 шоља вода
100 gr чоколадо, млечно или црно


портокалите можете да ги изедете или да ги исцедите за лимонада. потоа со лажиче изгребете го остатокот од месото, ако сте ги цеделе, па исечете ја кората на ленти. ставете ги во тенџере со доволно вода колку да бидат поклопени и сварете ги. кога ќе зоврие водата истурете ја, повторно сипете доволно да ги потопи сите кори и варете ги додека водата не зоврие, па истурете ја. варењето ќе ги омекне и ќе им ја намали горчливоста. потоа сипете во тенџерето 2 шољи шеќер и една шоља вода, доведете го шербетот до вриење па намалете ја температурата и гответе ги корите додека не станат стакласти, околу 45 минути.
извадете ги корите од шербетот, наредете ги на мрсна хартија, по можност без да се допираат, и оставете ги да се исушат 4-5 саати, или најдобро до следниот ден. потоа можете да ги јадете така или да ги брцнете во стопено чоколадо. со чоколадо, секако, се повкусни.


peel of 4 oranges
2 cups sugar
1 cup water
100 gr chocolate for dipping

juice the oranges or eat them and then scrape the leftover pulp with a spoon. cut them in strips, put them in a saucepan with enough water to cover them and bring to boil. pour off the water. repeat once more. combine 2 cups sugar and 1 cup water in the saucepan and bring to boil over high heat. reduce heat and simmer until peels are translucent, around 45 minutes.
remove peels from syrup and set on rack to dry for 4-5 hours, or till the next day. once the peel is dry, you can eat it like that or dip it in tempered chocolate. i like them better with chocolate.
Share/Bookmark

5 comments:

Т. said...

Денес правев зашеќерени портокалови кори, по рецептов. Се одеше ок, се до крајот кога ми се стврднаа и корите и шеќерот. Корите беа тврди, а во текот на варењето почнаа да омекнуваат и помалку да се кршат. На крај, се што остана вредно беше шеќер од портокал, за жал.

bojana said...

баш ми е жал. и овие кога се исушија се стврднаа, ама тоа е ок. оние што сеуште не сме ги изеле ги чувам во пластична кутија и сега веќе се малку помеки. а шербетот што се доби го зачував во тегла, многу убаво мирисаше на портокал и не ми се фрлаше, па сега треба да му најдам некоја примена.

special_kej said...

јас ги направив и испаднаа супер :)
браво за блогов !!!
супер што постирате интересни рецепти, но и совети каде да ги најдеме состојките кои ни требаат низ продавниците во Скопје :)

Ljupka Ropevska said...

Рецептов е фантастичен, навистина и баш новогодишен. Вкусот ме израдува многу. Во глазурата додадов и зачини: црн бибер, цимет, мелено каранфилче и малку рум. Шербетот во кој се вареа корите го зачував во тегла, му додадов малку мелен ѓумбир и каранфилче и го ставив во фрижидер, па се згусна и стана како мед. Планирам да го искористам како прелив за палачинки или нешто друго. А портокалите, секако, ги изедовме :) Се од состојките е максимално искористено! Ви благодарам многу!

bojana said...

љупка, додавањето на зачините е супер идеја.