Friday, December 24, 2010

Пакетче / Goody bag



многу се радуваме кога нашите читатели придонесуваат во создавањето на нашиот блог. искра имаше одлична идеја да се направи новогодишно пакетче со домашно подготвени работи. опциите се многу, ние направивме колачи со стакленце, ушеќерени кори од портокал и домашна мешавина за топло чоколадо, а можете да направите нешто и од нашите постари постови. јас на пакетчево би му додала едно тегличе домашна гарам масала, тегла домашно крцкаво мусли или домашен еурокрем и чипс од јаболки.


за колачите со стакленце ви треба:
(за околу 15 колачи)
1 шоља сенаменско брашно
1/4 - 1/2 лажиче прашок за пециво
60 gr путер, на собна температура
1/2 шоља шеќер
1 јајце, не многу големо
1 кесичка ванилин шеќер
10тина тврди бомбони, исечени на парчиња


изматете ги путерот и шеќерот, додадете го јајцето, па потоа и другите состојки, освен бомбоните, и ставете го тестото во фрижидер на 45 минути. потоа исукајте го на побрашнета површина на дебелина од 3-4 mm и исечете форми. префрлете ги со рамна лажица во плех обложен со хартија за печење, направете им дупче во средината во некоја форма и пополнете го со парчиња бомбони во една боја, во еден слој. остатокот од тестото повторно исукајте го и исечете уште колачи. и тестото од дупчињата можете да го искористите за уште колачи, или како мене, да го испечете како мали колаченца.
печете ги колачите во загреана рерна на 160°C околу 10 минути, додека бомбоните не се стопат и тестото не е пожолтено. не чекајте тестото да се зарумени, затоа што бомбоните ќе загорат. да не ви покажувам слики, како тоа изгледа. често проверувајте ги, не им смета отварање на рерната. колачите ќе бидат меки кога ќе ги извадите, ама кога ќе се оладат ќе бидат таман.



за топлото чоколадо:
1 шоља шеќер во прав
1/2 - 3/4 шоља какао


измешајте ги шеќерот и какаото и ставете ги во тегла. можете да додадете и 1 кесичка ванилин шеќер, малку цимет или малку лут црвен пипер. на теглата врзете ливче со упатство за правење на топлото чоколадо: 2 лажички од мешавината се растопуваат во шоља жешко млеко.


рецептот за ушеќерените кори од портокал очекувајте го утре-задутре.

други работи кои можете да ги вклучите во пакетчето:
чоколадни мафини, овие или овие

Share/Bookmark

2 comments:

Diethood.com said...

Се заљубив во фотографиите...а да не зборам за слатките! мммммм!

bojana said...

:-) a tek koga kje gi probash...