Wednesday, December 29, 2010

Чоколадни колачи на пареа / Steamed truffle puddings

scroll down for the recipe in english.

уште еден рецеп на пареа оваа година. рецептот е од еден стар број на списанието bella. колачиве се готват на пареа, најдобро во electrolux рерна на пареа, но може и во обична, а кога се готови се превртуваат во тањирчиња и се јадат топли.

за филот:
75 ml хопла
100 gr чоколадо
2 лажички tia maria (или некој друг ликер од чоколадо или кафе)

за тестото:
100 gr путер, на собна температура
100 gr шеќер
2 јајца
75 gr сенаменско брашно
пола кесичка прашок за пециво
50 gr какао


за да го направите филот загрејте ја хоплата на средно, ама не да зоврие. тргнете го тенџерчето од шпоретот, додајте го чоколадото и мешајте додека не се растопи, па додајте го ликерот. потоа ставете го филот да се лади во фрижидер 2 часа или додека не се стврдне.
изматете ги путерот и шеќерот. додајте ги јајцата и изматете, па додајте ги брашното, прашокот за пециво и какаото.

намачкајте со маргарин 4 зделички од по 150 ml и ставете по една лажица од тестото на дното. ставете по една полна лажичка од филот во средина, па дополнете ги со тестото. израмнете го тестото и поклопете ги зделите со мрсна хартија со фалта во средината, за да има простор тестото да нарасне. врзете ја хартијата.

ставете ги зделите врз решетка поставена врз тавче полно до пола со зовриена вода. покријте го сето тоа со фолија и ставете ги колачите да се печат во загреана рерна на 200°C околу 35 минути додека не нараснат убаво. потоа превртете ги во тањирчиња. додека се топли средината им е течна.


one more steamed recipe this year. it's from an old issue of bella magazine.
these pudings are best made in an electrolux steam oven, but a regular oven will also do. serve them warm.

truffle filling:
75 ml double cream
100 gr chocolate
2 teaspoons tia maria (or another coffee or chocolate liquer)

pudding:
100 gr butter, softened
100 gr caster sugar
2 eggs
75 gr all-purpose flour
1/2 sachet baking powder
50 gr cocoa powder



to make the filling, place the cream in a pan and heat gently until hot but not boiling. remove from the heat, add the chocolate and stirr until melted. add the liquer. chill for about 2 hours until set.
cream together the butter and sugar in a bowl. add the eggs, beating well. sift the flour, baking powder and cocoa powder into the mixture and fold in.

lightly grease 4 individual pudding basins (150 ml). spoon 1 tablespoon pudding mixture into the base of each pudding basin. place a ball of truffle mixture into each basin. top with remaining pudding mixture. level and cover basins with pleated greaseproof paper. secure with string.

place basins on a grill rack set over a roasting tin half-filled with boiling water. cover with foil and place in the preheated oven at 200°C. cook for 35 minutes until the puddings are well risen. turn the puddings out on to serving plates. while warm they have melted chocolate in the middle.


Share/Bookmark

2 comments:

Sandra said...

mmm...it can't get any better than that! I Love it! Predivno!:)

bojana said...

thanks, sandra.