Thursday, August 18, 2011

Бургери од наут / Chickpea burgers

scroll down for the recipe in english

можеби ќе ви изгледа смешно, ама овие бургери се од цртан филм. на син ми многу му се допадна цртаниот за љубопитното мајмунче џорџ, па го најде неговиот сајт, а таму и овој рецепт.

бургериве се прават многу лесно, а наутот има таков вкус што оди добро со разни зеленчуци, па можете да експериментирате со додавање тиквици, пиперки, пченка... ние сме ги јаделе со рендани моркови, ама највкусни ни се кога во нив има кромитче.


за 12 бургери:
1 шоља сварен наут (оставете го да отстои во вода неколку часа, па варете го додека не омекне)
или
1 конзерва наут (тој не треба да се вари)
3 јајца
сол, бибер
1 шоља презла
1 помал кромид, ситно исецкан
свеж магдонос, исецкан
некој зеленчук (ако сакате)

сварениот наут и јајцата изблендирајте ги, додадете ги другите состојки, измешајте сé да се добие еднолична смеса, па обликувајте ги бургерите со влажни раце и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180°C околу 25 минути.


my son really liked the cartoon about curious george. he found his website and there this recipe. he printed it and requested that i make it.

these burgers are very easy to make. the chickpeas are a great base for adding other vegetables, like zucchini, peppers, corn... we have tried them with grated carrots, but we like them most with finely chopped onions.


for 12 burgers:
1 cup cooked chickpeas or 1 can of chickpeas
3 eggs
salt, pepper
1 cup breadcrumbs
1 small onion, finely diced
fresh parsley
some vegetable by your choicе

put the chickpeas and the eggs in a blender and blend them until smooth. add the rest of the ingredients, mix everything well and make burgers. bake at 180°C for 25 minutes.
Share/Bookmark

6 comments:

Anonymous said...

Odlicno.Slucajno sam videla ovud arecept za leblebija hleb..kupila dosta leblebija i napravila ga.Bio je fanatystican.I ove burgere probam svakako;)

Anonymous said...

Многу убави рецепти,ве следам!
Поздрав

Natasha - Style Du Jour said...

Prekrasno izgleda se!Bas mi e milo sto ve pronajdov i normalno ve sledam!xoxo

bojana said...

fala, natasha, nani i dzholi :-)

Шеќернолимонова said...

А каде се продава наут/леблебија. Знам само за печена леблебија.

bojana said...

шеќернолимонова, наут има во веро и рамстор, а сум видела и во едно продавниче помеѓу пазарот и тинекс во аеродром (ако ти е тоа во близина).