scroll down for the recipe in english.
сигурно веќе сте приметиле дека ние дома многу сакаме ѓумбир. ок, не сите ние дома, само јас.
овој сируп од свеж ѓумбир е многу вкусен. јак е, ама ако ставите по малку врз сладолед, овошна салата, чоколадни или овошни колачи или фрапе, дава многу убав ѓумбирест шмек.
рецептот е од овде.
1 шоља сецкан свеж ѓумбир
1 шоља шеќер
3 шољи вода
исецкајте го ѓумбирот на ситни коцкички, па ставете го во тенџере со водата и шеќерот. ставете го на шпорет на јако додека не зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете го сирупот околу 1 час или додека не се згусне. потоа оставете го да се олади, па процедете го низ дупла газа и убаво стиснете ги парчињата. чувајте го сирупот во тегличка во фрижидер. може да трае и месец-два.
јас не го излупив ѓумбирот пред да го ставам да се вари, ама ако го излупите, можете коцкичките, откако убаво ќе ги исцедите, да ги ставите да се исушат во еден слој и ќе добиете ушеќерен ѓумбир.
you may have noticed that in my house we love ginger. ok, not everyone, it's just me. i love ginger in every form.
this syrup made from fresh ginger is very nice. it is strong, but if you put a little over ice cream, fruit salad, chocolate or fruit cakes or smoothie, it adds nice gingery taste.
the recipe is from here.
ginger syrup poured over peach/banana/flax seed smoothie
1 cup cubed fresh ginger
1 cup sugar
3 cups water
cut the ginger in little cubes, put in a pan with the sugar and water and bring to boil. then lower the heat and cook for an hour or until the syrup thickens. leave to cool, then strain through double layer of gauze. squeeze the ginger cubes well. store in a jar in the fridge for a couple of months.
сирупот од ѓумбир турен врз фрапе од праски, банани и ленено семе
i didn't peel the ginger, but if you do, you can spread the cubes in one layer to dry and you'll have caramelized ginger.
6 comments:
Hahhahah....jas zabelezav deka mnohgu sakas gumbir, pocnav i jas da se interesiram za nego posle tvoite inspirativni postovi. :)
Mnogu ubavi fotografii Bojke !
баш ми е мило, викторија. се надевам ти се допаѓа ѓумбирот.
маја, фала.
Odličan recept. Videla sam sok od đumbira li ne i sirup. Beležim!
Ja najvise volim djumbir svez..i ovde zbog velokog broja stanovnika iz azije svud ase moze naci.Ali mogu zamisliti da i sirup ima svoju namenu;)
Во Кочани за жал нема свеж ѓумбир...бар јас немам приметено,купувам само сув во прав :(...одличен рецепт бајДвеј...ќе го пробам...инаку лимонадата со краствици е ТОП!Ја правам неколку пати,освежува,хидратира,прочистува...супер е :)
Post a Comment