Wednesday, August 24, 2011

Ражничи од свинско и кромид / Onion pork skewers


ова сосче од патлиџани ми е омилено јадење во лето. доволно ми е и само тоа, со убаво меко лепче, ама овој пат направив и ражњичи, за месојадците кај мене дома.

за ражњичите, исечете го месото (свинска кртина, т.е. удина) на парчиња, посолете го и ставете му ако сакате уште некој зачин и втријте го во месото со прсти. јас ставив бибер и каџун. наредете ги парчињата месо на стапчиња наизменично со парчиња кромид и испржете ги во тавче со малку зејтин од сите страни.

за сосот, загрејте малку зејтин во едно тенџере, во него ставете 2-3 исецкани зрели патлиџани (најдобро е да бидат излупени. некогаш во лето се лупат лесно, ако не, потопете ги во вода што врие 1 минута па кога ќе ги извадите лушпата лесно ќе се вади) и пржете ги на тивко додека сосот не се згусне малку. мешајте повремено и смачкувајте ги патчињата патлиџан. при крајот ставете сол, 2-3 лукчиња исечени на ливчиња и свеж магдонос или босилек.


this tomato sauce is my favourite thing to eat in summer. i could eat it alone, just with a peace of crusty bread, but this time i made pork skewers to go with the sauce.

for the skewers, cube the pork, season with salt and your favourite spices and rub the spices into the meat. i used black pepper and cajun. thread the meat pieces alternately with onion pieces onto skewers and fry the skewers in a little oil from all sides.

for the sauce, heat a little oil in a saucepan and add 2-3 ripe tomatoes, peeled and cubed. usually summer tomatoes are easy to peel, but if not, put them for a minute in boiling water and the skin will come off itself. cook the tomatoes on moderate heat until the sauce thickens a little, stirring occasionally and crushing the tomatoes with the spoon, then add salt, 2-3 thinly sliced garlic cloves and chopped fresh parsley or basil.


Share/Bookmark

2 comments:

Natasha - Style Du Jour said...

Izgleda prekrasno i vkusno!

Anonymous said...

Can't wait for better weather to grill outside.It looks fantastic:)