Monday, March 30, 2009

Колаче со банани (Banana bread)





Ова колаче е добар начин да се искористат презреани меки банани. Значи:

3 зрели банани, смачкани или само исечени на парчиња ако се многу меки
125 g маргарин
1 шоља шеќер
2 јајца
2 шољи брашно
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер

Прво би требало да се изматат маргаринот и шеќерот, па да се додадат останатите состојки, една по една, ама јас ставам во вангла и матам со миксер сè одеднаш. Полесно и побрзо е, а се добива истото колаче. Може да се додаде шоља секцани ореви, лешници или чоколадо. Се пече во подмачкано тавче во загреана рерна на 150°C, околу 30-40 минути или во тавче за мафини на истата температура, само пократко време.
Share/Bookmark

2 comments:

Unknown said...

Колачето е одлично!
Вчера го печев, но јас му додадов (како што препорачува Бојана) лешници и ореви. Но надвор од рецептот додадов суво грозје, малку млеко и кисела вода да биде поровко. На корист на тоа, пак, го печев еден час.
Брзо- едноставно- екстра вкусно...

bojana said...

bravo julke, sigurno bilo mnogu vkusno