Tuesday, September 8, 2009
Bhindi bhajee (пржени бамји)
околу 300 gr бамји
4 средни патлиџани или една конзерва цели лупени патлиџани
1 кромид
1 лажиче цели зрна кумин
2 лукчиња, ситно исецкани
луто пиперче, ситно исецкано
пола лажиче куркума (турмерик)
пола лажиче гарам масала
сол, бибер
патлиџаните исечени на пола и измешани со малку маслиново масло, сол и бибер ставете ги во тавче со ребресто дно, со исечената страна надолу и печете ги околу 40 минути во рерна, негде на пола еднаш промешајте ги. потоа извадете им ја лушпата.
кромидот исечен на кришки испржете го малку да се зарумени, па додадете му го куминот и другите зачини, лукчето, пиперчето, бамјите и сол. пржете го тоа уште малку па ставете ги излупените патлиџани или конзервата патлиџани. оставете го на тивко околу 20 минути со повремено мешање. ако стане многу суво додајте малку вода.
No comments:
Post a Comment