Monday, September 14, 2009
Салата со боранија и пченка
рецепт земен и прилагоден од списанието Woman's Day, август 1999
1/2 kg боранија, исчистена и исечена на половинки или третинки
2 пченки или 2 шољи замрзната пченка
сол, бибер
балсамик оцет
сенф
свеж магдонос, исецкан
боранијата ставете ја во вода што врие во која сте ставиле малку сол. варете ја 15тина минути или додека не омекне малку, ама не скроз да се свари.
јас ја направив салатата со свежа пченка, дека ја има сега на пазар, ама само се измачив да ја исчистам и да ги одвојам зрната, па потоа варењето траеше долго и на крајот мислам дека и вкусот на салатата би бил подобар ако се стави замрзната. на замрзнатата пченка и е потребно само неколку минути да се свари во зовриена вода со малку сол.
исцедете ги боранијата и пченката, помешајте ги во сад за салата, додадете им го магдоносот и преливот кој најлесно се прави ако во мала тегличка со капак ги ставите солта, биберот, оцетот и сенфот и силно ја протресете тегличката додека сè не се измеша убаво.
No comments:
Post a Comment