Tuesday, September 1, 2009

Fruit crumble



за тестото:
225 g брашно (може во тие 225 g да има разни брашна, дел да бидат мелени ораси, лешници или бадеми, може да се стави мелен ѓумбир, овесни снегулки... јас ставив обично брашно + малку мелени бисквити + околу 40 g кокосово брашно + топчиња од карамела)
115 g путер, ладен
90 g шеќер

за овошјето:
455 g овошје (јас ставив само праски, ама може да се стави и некое друго обошје или комбинација овошја, смокви, јаболки, капини, кајсии, рибизли, сливи, малини, круши, портокал, суво грозје, карамелизиран ѓумбир, бадеми...)
3 лажици шеќер (или мед)
некој зачин (може да се стави или не, јас ставив едно лажиче пимент)

брашното (и другите брашнести состојки, ако се ставаат) се меша со шеќерот и путерот, со раце, да се добие нешто како трошки.
овошјето, измиено и исчистено (јас ги оставив лушпите на праските, беа вкусни) се сецка ако е покрупно и се става во тавче, се посипува со шеќер, па со трошките и се пече на 200°C околу пола саат.
Share/Bookmark

No comments: