Sunday, September 27, 2009

Peach Cobbler








Oд сите рецепти за десерти во светот, моите најомилени се сите американски. Не затоа што ретко кога не се исклучително вкусни (што не би било вкусно со цел путер и пола кило шеќер - ама ајде), туку затоа што се исклучително едноставни.

Oва е мојот втор, успешен обид со овошното колаче cobbler. Може да употребите скоро било кое овошје, боровинки, јагоди, праски, малини, или мешавина од овошја ...

1 2/3 шољи брашно
3 1/2 лажици шеќер
1 лажица + пола лажиче прашок за печење
2 жолчки од варени јајца (јас ставив една бидејќи мразам варени јајца)
пола путер
2/3 шоља хопла

за овошјето:
6 праски - моите беа мешавина од зрели и полу-зрели
3 лажици јаворов сируп или мед, или шеќер
малку мушкатно оревче и малку цимет

Измешајте ги сите состојки за тестото, прво со вилушка па потоа со рака. Излупете ги праските. Јас ги полив моите праски со жешка вода, па потоа ги ставив во ладна неколку минути. Пола од праските лесно се излупија поради жешката вода, пола не.

Исечете ги праските на мали парчиња и измешајте ги со циметот, оревчето и сирупот. Од тестото направете 6 (или ако тавчето ви е поголемо - 8 ) топки и ставете ги врз овошјето. Намачкајте го тестото со една лажица хопла. Печете го во рерна загрена на 180 степени околу 40 - 45 минути. И јадете го со сладолед од ванила, или пудинг или шлаг.

Маја

Share/Bookmark

1 comment:

bojana said...

wow, i slikive i receptov :-)