Saturday, September 26, 2009

Бифтек на скара и други вкусни нешта...





Со закаснување од неколку месеци (тука летото заврши веќе) купивме мала скара за една употреба - јаглен во кутија направена од метална фолија и мала решетка одозгора и на првиот ден без дожд ја инсталиравме на нашиот мал балкон.

Двата бифтека ги зачинив со малку сол и бибер и ги намачкав со маслиново масло. Бифтекот на скара се печеше 5 минути од едната и 7 минути од другата страна. Беше крцкав од надвор и малку розов, мек и сочен внатре. Следниот пат би го оставила пократко на скарата за да биде порозов.

2 пченки, варени во мешавина од млеко и вода, ги јадевме со путер, сол и бибер.

Црвени компири варени со лушпа, и изгмечени со малку павлака, путер, сол и бибер.

Карамелизираниот кромид, го пржев со малку зејтин на многу јака температура, со постојано мешање, околу 5 минути додека не се карамелизира.

Caesar Salad - зелена салата, croutons од бел леб исечен на коцки, полиен со малку маслиново масло и потпечен во рерна дур не се зарумени, прелив од мајонез, лимунов сок, една ронка сенф и 1 изгмечено лукче, сол, бибер и на крај ситно изрендан пармезан. (мојот прелив не беше автентичен за Ceasar Salad - ама беше сличен на оргиналниот и подеднакво вкусен).

Маја


Share/Bookmark

No comments: