scroll down for english recipe
[лепчињата ги направив според рецептот на џејми оливер од The Return of the Naked Chef, третина од неговата количина].
10 g мед или шеќер
200 ml млака вода
330 g јако брашно
10 g сол
1 лажица мелен кимин
1 лажица истолчени зрнца коријандер
150 g наут, стоен во вода преку ноќ, па варен и мелен, или земете наут во конзерва
квасецот и медот растворете ги во пола од водата. во сад или на маса ставете ги брашното, солта и квасецот и измешајте ги, па додадете ја другата половина од водата и месете додека сé не се поврзе во тесто ова може да се направи и со миксер за тесто. потоа на тестото додадете му ги зачините и наутот.
само, мојот наут имаше малку зрнца, не го истолчив ептен ситно и вероватно ставив повеќе наут отколку што пишува во рецептот. признавам дека не ги мерам секогаш состојките, туку ставам од око.
истолчениот наут беше многу сув и му ставив пола чаша топла вода пред да го измешам со тестото.
месете го тестото 5 минути, па оставете го на топло место околу пола саат, да нарасне дупло.
моето тесто стоеше и малку нарасна пред да го додадам наутот затоа што дојдоа гостите па се позанимавав со нив. а откако го додадов наутот стоеше повеќе од еден саат и нарасна дупло или повеќе од дупло.
направете од тестото лепчиња со дебелина од 5 mm и печете ги 4-8 минути директно на решетката од рерната најблиску до греачите на 230°C. а може и во тавче или на скара.
топли се многу убави, а вториот ден зачините повеќе се осеќаат.
ќoфтињата ги правеше даниел:
200-300 g мелено месо
сол, бибер, магдонос
1 лажица брашно
2 лажици презла
1 прашок за пециво
200 ml вода
3 јајца
измешајте сè и оставете да отстои 20тина минути. потоа сипувајте од смесата со лажица во тавче со загреан зејтин и пржете ги ќoфтињата од двете страни додека не се испржат убаво.
многу се вкусни, лесни и воздушести.
[the chickpea flatbread recipe is from jamie oliver's The Return of the Naked Chef, one third from his quantities].
7 g dry yeast
10 g honey or sugar
200 ml tepid water
330 g strong flour
10 g salt
1 tbs ground cumin
1 tbs cracked coriander seeds
150 g chickpeas, soaked overnight, then cooked, drained and mashed (or 1 can chickpeas)
Dissolve the yeast and honey in half the water. in a bowl or on a table put the flour and salt, pour the dissolved yeast and mix eveything, then pour the rest of the water, the spices and the mashed chickpeas and make a dough.
i left some chunks in the mashed chickpeas and i probably used more chickpeas than what the recipe says.
the mashed chickpeas were very dry so i mixed them with half a glass tepid water before i put them in the dough.
knead the dough for 5 minutes, then leave it to prove in a warm place until it's doubled in size, around 30 minutes.
my dough proved a little before i put the chickpeas in, because the guests arrived just then and i sat with them. and after i mixed in the chickpeas i left it to prove for more than an hour and it was more than doubled in size. then, divide the doungh in pieces that you will roll to 5 mm thick oval shapes.
bake them directly on the bars of the preheated oven at 230°C for 4-8 minutes.
they are great warm, but the nex day the spices are stronger.
daniel made the meatballs:
200-300 g ground meat
salt, pepper, parsley
1 tbs flour
2tbs breadcrumbs
1 sachet baking powder
200 ml water
3 eggs
mix everything, leave to stand around 20 minutes and pour with a spoon on heated oil and fry the meatballs on both sides untill they are well browned.
they are very tasty, light and airy.