(scroll down for english version)
рецепт од
тука, само јас ги изоставив презлите, и не ги мерев состојките, па не знам колку прокељ употребив, ни колку сланина. количините направете ги по ваш вкус.
маслиново масло и парче путер
прокељ, измиен и исчистен, покрупните исечени на пола
сланина исечена на коцки
помал кромид, ситно исецкан
неколку лукчиња, исецкани
околу 1/2 чаша балсамик оцет
свеж магдонос
загрејте ги маслиновото масло и путерот во тенџере и ставете го прокељот да се пржи, со сол и бибер, со често мешање додека не зарумени. ставете ги коцките сланина и пржете уште, со мешање, додека сланината не се испржи убаво. додадете ги кромидот и лукчето, и тие да се испржат. сипете балсамик оцет и една чаша вода и оставете го прокељот да се динста додека не омекне. ако треба додадете уште вода. посипете со сецкан магдонос откако ќе го тргнете тенџерето од шпорет.
extra virgin olive oil and unsalted butter
brussels sprouts, washed and trimmed
pancetta or bacon in small dice
minced shallots
minced garlic
1/2 cup balsamic vinegar
chopped parsley
heat butter and olive oil in a large skillet over medium-high heat and sauté brussels sprouts, with salt and pepper, tossing frequently, until lightly browned. add bacon and sauté, tossing frequently, until crisp. add shallots and garlic, and sauté 2 minutes more. add balsamic vinegar and 1 cup water and cook until sprouts are tender. add more water if needed. sprinkle with chopped parsley after you take the skillet off the heat.
Прокељ со сланина / Brussels sprouts with bacon
1 comment:
njam njam......
Post a Comment