Thursday, January 21, 2010

Mexican street salad ..... Мексиканска салата

This is the crunchiest, most refreshing salad I've had in a long time. You know what't it's like.... tomatoes taste like plastic to me in winter and hence I've turned to the humble cabbage, and a recipe from Jamie Oliver for a mexican street salad. (but I've never been to Mexico, so am taking his word for it).

Don't be alarmed at the pointy weird green cabbage. I found this oddity at my local dutch supermarket and gave it a try. It tasted just like a round one. And in a couple of days I will give you the recipe for the thing we ate the salad with ........ shhhh...... it involves beer.
half green cabbage
half red cabbage
half an onion
about 10 radishes
2 carrots
1 bunch fresh coriander (cilantro)
1 chilli pepper (the original recipe called for jalapeno, but they don't have those over here. They do have pointy cabbage though)
juice from 2 limes or lemons
olive oil & salt
Shred your cabbages & slice the onion, carrots & radishes thinly and chop the coriander and chilli pepper. Now the photo below shows a very coarsely chopped cabbage. It works better if you shred them finely. Mix the vegetables, adding only half of the chilli and onion, dress the salad with olive oil and lime juice, and salt it well. Take a taste and see if it needs more onion and heat from the chilli, and add accordingly. Serve !
Оваа салата е свежа и крцкава и одлична во зима, кога доматите имаат вкус на пластика. Рецептот е од Џејми Оливер. Не се чудете на чудната конусна зелена зелка. Ја најдов во нашиот локален супермаркет и имаше ист вкус како нормална округла зелка. Најдобро е зелката да се изренда или исече на тенки парчиња, иако како што гледате од фотографијата, нашите парчиња беа покрупни.
пола зелена зелка
пола црвена зелка
пола кромид
2 моркови
околу 10 ротквици
1 љута пиперка
1 китка свеж кориандер
сок од 2 зелени или обични лимони
маслиново масло & сол


Ситно изрендајте ја зелката, и на тенки листови исечете ги морковите, ротквиците и кромидот. Ситно исецкајте ги кориандерот и љутата пиперка. Измешајте ги сите состојки, ставајќи само половина од количината кромид и пиперка. Измешајте ја салатата со малку маслиново масло, сокот од лимоните и посолете ја. Пробајте и ако е потребно додајте ги остатокот кромид и љута пиперка, и уживајте ! А за неколку дена ќе ви кажам со што ја јадевме салатава .............. нешто интересно за јадење ........ со пиво.


Share/Bookmark

2 comments:

Daniela said...

Super e kombinacija na zelencuci...Probajte zelka, praz, morkov...Mnogu vkusno

Anonymous said...

Пиперката може да биде лута, не љута. Поздрав :)