Sunday, January 10, 2010

Бајадера со костени / Chesnut bajadera



ова е многу вкусно колаче. рецептот ми го кажа една другарка, ирена, само јас имав помалку костени па сите други состојки ги преполовив. еве ги нејзините количини: 700gr костени (исчистени), 200gr мелени бисквити, 200 gr мелени бадеми, 150gr путер, 450 gr шеќер растопен во 15тина лажици топло млеко. јас имав доста помалку костени, ама пак се осеќа нивниот вкус.



околу 250 gr варени и испасирани костени (измерени после лупењето, пред тоа беа пола кило)
околу 100-150 gr мелени бадеми (купени 200 gr, во меѓувреме околу 50 gr изедени)
18 мелени бисквити
75 gr путер
3/4 шоља шеќер, растопен во
8 лажици топло млеко
100 gr стопено чоколадо



измешајте ги сите состојки и во пола од смесата ставете го стопеното чоколадо. сипете ја смесата во калапи или поголема кутија, прво делот без чоколадо, па делот со чоколадо, и врз сето тоа направете глазура, која јас ја испуштив, од желба што побрзо да ја пробам бајадерата.
глазурата на ирена е од 150 gr стопено чоколадо со 2 лажици путер и 2 лажици млеко.
бајадерата треба да се стврдне некое време во фрижидер и потоа лесно се сече. и брзо ја снемува.

 

my friend irena told me about this recipe for bajadera with chesnuts. it's fantastic.

mix 250 gr boiled, cleaned and mashed chesnuts with
100-150 gr grated almonds
18 grated biscuits
75 gr butter
3/4 cup sugar melted in

8 tablespoons warm milk

put half of this in a mold, add 100 gr melted chocolate in the other half and spread over the first half and refrigirate until firm.



Share/Bookmark

No comments: