ова чоколатце се прави многу лесно. воопшто не мора да се употреби калап, всушност, супер е без калап, сипaно во тавче или кутија и потоа искршено на неправилни парчиња. јас овојпат употребив црно чоколадо, бадеми, лешници и суво грозје, ама може да се стави што сакате: млечно или бело чоколадо, или и двете, ореви, ф'стаци, друго суво овошје... мене многу ми се свиѓа комбинација од црно чоколадо и ушеќерен ѓумбир. а се спремам да направам и мешавина со бело чоколадо.
количините се сосема според вас. јас за калап со 6 снешковци употребив 100 gr чоколадо, шака бадеми, шака лешници и шака суво грозје. чоколадото го искршив и го стопив во ова садче за фонду, ама ако немате нешто вакво можете да го стопите во тенџерче ставено во друго малку поголемо тенџерче со вода која полека ќе ја загревате. истурете го чоколадото во калапи или во тавче посипете го со сецканите додатоци и ставете го во фрижидер околу пола саат да се стврдне.
No comments:
Post a Comment