Sunday, February 28, 2010
Колач со пет зачини / Five-spice cake
кутивчето со кинеска мешавина од пет зачини го имам одамна, ама некако, солените јадења што ги правев со него не ми се допаѓаа. го оставив да стои на полица и да фаќа прашина и го заборавив, сè додека еден, кога се мислев какво колаче да направам во модлата што ми ја даде баба ми, не ми светна да го ставам зачинот во шарениот колач. резултатот беше фантастичен.
3 јајца
2 шољи шеќер
1 шоља зејтин (јас обично ставам помалку)
3 шољи брашно
1 шоља млеко (или помалку)
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
2 лажички мешавина од 5 зачини
сето ова измешајте го, сипете го во тавче или модла подмачкано со маргарин и печете го во загреана рерна на 200°C околу 20 мин., а потоа уште 15тина мин. на 150°C, или додека не се испече.
i had this little box of chinese five-spice powder for a while, but i didn't like the savory recipes i made with it. so i put it on the shelf and forgot about it, till one day when i was thinking what to make in the mold my grandmother gave me, i remembered the five-spice powder box and decided to put it in this this cake.
3 eggs
2 cups sugar
1 cup (or less) vegetable oil
3 cups all-purpose flour
1 cup (or less) milk
1 sachet baking powder
1 satchet vanilla sugar
2 ts five-spice powder
mix all this, put in a buttered pan or mold and bake at 200°C around 20 min., then 15 min. more on 150°C.
No comments:
Post a Comment