Во последно време Ситно Сецкано има сè повеќе читатели, а ние сме среќни што со вас ги делиме нашите рецепти. Блогов исто така постои скоро цела година - што многу нè радува! По овој повод организиравме доделување подарок. Џејми Оливер долго време нè инспирира и имаме неколку од неговите кувари. Сега постои и Џејми списание полно со прекрасни фотографии и неверојатни рецепти. Подарокот е една копија од изданието на списанието Џејми за февруари/март. За да учествувате, оставете коментар на овој пост и кажете ни кое ви е омилено домашно јадење. Рокот за коментари е четврток, 18 февруари, 7 часот навечер. По затворањето на коментарите, ние ќе ги внесеме во www.random.org за да добиеме победник. Во четврток вечер ќе го откриме победникот на Ситно Сецкано, а списанието ќе му го пратиме по пошта.
Со среќа и благодариме што нè читате!
Sitno Seckano has gained a lot more readers recently and we cannot be happier or more excited to share our cooking and recipes with you. This blog is also almost a year old and we wanted to celebrate that. So we've organized our first ever giveaway. Jaime Oliver has long been an inspiration to us and we have few of his cookbooks. And now he has a magazine with stunning photographs and amazing recipes. So we have a copy of the February/March issue of Jaime magazine for one of our readers. All you have to do to enter the giveaway is leave a comment to this post, telling us what your favorite homecooked meal is. We will then enter all the comments into www.random.org which will produce the winner. The contest will end Thursday 18th February at 7 pm. The winner will be announced later Thursday night! We will mail the magazine to the winner.
Good luck and thank you for reading!
11 comments:
Поздрав и честитки за зголемениот број на читатели и навистина квалитетните рецепти, содржини и фотографии.
Омилено домашно јадење: пинџур и домашна пита со сирење, или сармички со лозов лист и овчо кисело млеко.
мене ми е убаво се што има зелка во него, осоебно посни сармички .
честитки за една година постоење!
Cestitki za rodendenot, samo prodolzete taka, cekame uste vkusni zadovolstva do vas. :)) Srekno!
Уфф, јас сум секогаш за чоколадо и се' што е направено од чоколадо! :)
Честитки за годишнината и уште мнооооогу многу години и годишнини исполнети со вкусни рецепти :))
Еве дел од моите омилени домашни јадења: убаво разварена компир манџа, домашна пита со праз/зелка/спанаќ/сирење, сарми од лозов лист, турлитава...
честитки за годишнината од блогот.
ha ha ha, kolku sme slicni ! Drenka, i jas obozavam posna sarma od zelka ! Pita so praz isto taka. A i kompir mandza, Toni ! Ama mi e zal sto ne bev tamu da jadam od piatata Bojana sto ja napravi !
Maja
Честито! :-)
Постов ми се свиде и затоа го гласав на Пинг.
:)
мене омилено јадење што си го правам сам ми е:
омлет со кашкавал и сирење, до него во чинијата две лажици поголеми топол ајвер, и малку помфрит :)
задолжително со ова салата - краставици и маслини (m m m)
Гравче тавче
Zenski vi posakuvam samo uspesi i milioni citateli.
a omileno jadenje...pilesko vo site varijanti ;)
Честитки за роденденот.
Фантастичен блог, одлични рецепти!!!
Моите омилени домашни јадења се:
Ориз со пилешко, Сарма (посна од зелка, со лозов лист, со лист од блитва, штавел и слично)и подварок со пушено мисиркино месо :)
Post a Comment