styling by makedonka machevska
има многу рецепти за пита со јаболки, неколку имам направено, некои биле успеашни, некои не. овој, слободно можам да кажам дека е еден од успешните. тестото е моето омилено тесто за вакви пити, а филот свеж и вкусен.
за филот:
6 јаболки (околу 800 g), излупени и исецкани
4 лажици шеќер
1 лажиче цимет
сок и рендана кора од еден портокал
неколку коцкички путер
за тестото видете овде
измешајте ги јаболките, шеќерот, циметот, сокот и кората од портокал и сето тоа ставете го во тавче со пречник околу 22 cm, на кое дното и страните сте ги обложиле со две третини од тестото. ставете неколку коцки путер врз филот, па ставете го останатото тесто, посипете го со една лажица шеќер и ставете ја питата да се пече во загреана рерна на 180°C околу 40 минути.
i've tried a few recipes for apple pie, some i didn't like at all, but this one is good. the recipe for the pastry is my favourite recipe for shortcrust pastry, and the filling is fresh and tasty.
filling:
6 apples (about 800 g), peeled and sliced
4 tablespoons sugar
1 teaspoon cinnamon
juice and zest from 1 orange
a few knobs of butter
recipe for the shortcrust pastry here
toss the apples with the sugar, cinnamon and orange zest and juice. line the bottom and the sides of the pie dish with two thirds of the pastry, add the filling, put a few knobs of butter over the filling and cover with the rest of the pastry. sprinkle with a tablespoon of sugar and bake at 180°C for 40 minutes.
1 comment:
ova e super vkusno, mi ispadna bash kako na slikata. i site se chudat zoshto e kafeavkasto testoto, a staviv samo obichno brashno :)(i jas nemam odgovor)
pozdrav ;-)
Post a Comment