Saturday, August 28, 2010

Крушки на пареа со сладолед од анасон, карамелизирани ореви и батерскоч сос / Steamed pears with fennel ice cream, caramelized walnuts and butterscotch sauce


Scroll down for the recipe in English

време е за рецепт на пареа. насловот е навистина долг, ама подготовката на сето тоа навистина брза и лесна. овој пат решивме да направиме овошје на пареа. идејата ми дојде од готвачот на еlectrolux, successful steam cooking. само јас отидов и подалеку: ги искомбинирав крушките со сладолед од анасон, карамелизирани ореви и батерскоч сос и сите вкусови убаво се вклопија.
на крушките не им додадов ништо додека се готвеа на пареа, а нивниот сопствен вкус стана многу поинтензивен. ама да почнам од сладоледот, прво него треба да го направите, неколку саата или еден ден пред да ги послужувате крушките.

сладолед од анасон
сладоледов е ненормално вкусен. до скоро не ни знаев дека може да се направи сладолед од анасон, а сега ми е омилен вкус на сладолед за ова лето. откако ги направив мафините со урда и анасон и видов дека анасонот е уствари вкусен во благи работи, сладоледов ми дојде како логично продолжение. наидов на повеќе рецепти за сладолед од анасон, ама сепак го направив сладоледот според мојот рецепт и му додадов анасон.

2 лажички анасон, малку истолчен
1 шлаг
2 јајца
3 лажици шеќер
150 ml ладно млеко

анасонот ставете го во 50 ml млеко, зовријте го млекото, тргнете го од шпорет и оставете го покриено 30 минути. за тоа време шлагот изматете го со 100 ml ладно млеко во една вангла. во друга изматете 2 белки, додајте 3 лажици шеќер и двете жолчки, а потоа и шлагот. на крај додадете го и млекото исцедено од зрнцата анасон.
сладоледот ставете го во пластична кутија и во замрзнувач.


карамелизирани ореви
ги додадов за да дадат малку крцкавост на целата комбинација.
ставете 1/3 шоља шеќер во едно поголемо тенџере и ставете го тенџерето на среден оган, шеќерот да се стопи, без мешање. кога целиот шеќер ќе се стопи, посипете го со малку цимет и додадете 100 gr исчистени ореви, искршени на крупни парчиња. промешајте убаво, сите ореви да се прекријат со карамел и тргнете го тенџерето од шпорет. истурете ги оревите на послужавник или големо тавче, раздвојте ги, и почекајте да се стврднат. претпоставувам дека добра идеја би било да се истурат на алуминиумска фолија или целофан, за полесно да се одлепуваат. можете да ги чувате во тегла недела - две.

батерскоч сос
4 лажици путер
1/2 шоља темно кафеав шеќер
1/2 шоља хопла
1/4 лажиче сол
1 кесичка ванилин шеќер

стопете го путерот на среден оган, додадете го кафеавиот шеќер, промешајте убаво, додајте ја хоплата, малку сол и ванилата. мешајте околу 5 минути, па пробајте. ако сакате може да додадете уште сол.
овој сос има многу интересен вкус. сличен на овие бомбони. можете да го чувате 2 недели во тегла во фрижидер. во фрижидер се стврднува, ако сакате да биде течен ставете ја теглата за кратко во топла вода.


крушки на пареа
дојдовме и до крушките. земете зрели, но цврсти крушки и само излупете ги, исечете ги на половина, извадете им ги семките и ставете ги 5-6 минути на решетка врз вода што врие (со капак), или додека малку не омекнат.


потоа ставете по две половинки крушка во секое тањирче (употребете некои подлабоки тањирчиња, јас згрешив со плитките, моравме да го бркаме сладоледот наоколу). посипете ги крушките со карамелизирани ореви, ставете по една топка сладолед од страна и сето тоа прелијте го со батерскоч сосот. милина.


i know the title is long, but everything is so easy to make. the idea for the steamed pears came from the еlectrolux's cookbook successful steam cooking, but i added a few things: fennel ice cream, caramelized walnuts and butterscotch sauce and everything came together nicely.
i steamed the pears without any added sugar or spices and their own flavour intensified. but, let's start with the ice cream, since that's what you need to make first, a few hours or a day before you serve the pears.

fennel ice cream
this ice cream is so unusual and so sweet and tasty. until recentrly i didn't even know about fennel ice cream but know it's my favourite flavour for ice cream this summer. when i made the ricotta and fennel muffins i really liked the sweetness that fennel adds so i wanted to try this ice cream. i found a few recipes for fennel ice cream, but i decided to use my ice cream recipe, since it's very good and very adaptable.

2 teaspoons fennel seeds, crushed
1 cup cream
2 eggs
3 tablespoonssugar
150 ml cold milk

put the fennel in a small saucepan with 50 ml milk, bring to boil. remove from the heat, cover, and let steep for about 30 minutes. beat the cream in one bowl, in another beat the two eggwhites, add sugar, eggyolks, cream and the milk strained from the fennel seeds. put the ice cream in a plastic box and in the freezer for a few hours.
caramelized walnuts
these add some crispness to the whole combination.
put 1/3 cup sugar in a heavy saucepan on a medium heat, let the sugar melt, without stirring, then add a pinch of cinnamon and 100 gr walnuts. stirr, making sure every piece of walnut is covered in caramel then pour them on a cookie sheet. devide the pieces with a fork. the caramelized walnuts can be kept in a jar for a couple of weeks.

butterscoth sauce
4 tablespoons butter
1/2 cup dark brown sugar
1/2 cup cream
1/4 teaspoon salt
1 sachet vanilla sugar 

melt butter on a medium heat, add brown sugar, stirr, add cream, salt and vanilla. cook stirring for 5 minutes, then taste carefully (not to burn your tongue) and add more salt if needed.
this sauce can be kept in a jar in the fridge for a couple of weeks. it will harden when cold, so put the jar in a bowl of hot water to melt it.

steamed peаrs
and finally, the pears. take ripe, but firm pears. peel them, cut in half, scoop the seeds and put them on a grid over boiling water, cover and steam for 5-6 minutes, or until they soften a little.

put two pear halves on a plate (don't use flat plates like i did, you don't want to chase the ice cream around), put some caramelized walnuts over the pears, a scoop of fennel ice cream beside them and drizzle some butterscoth sauce over everything. take a bit, close your eyes and enjoy.

Share/Bookmark

3 comments:

Mina said...

бидејќи бев присутна на приготвувањето на овој рецепт и имав привилегија да го пробам, морам да се сложам дека сите вкусови беа толку силни и интересни и во исто време перфектно се надополнуваа. а крушите, за мене, беа ново доживување :)

Daniela said...

Eksplozija od vkusovi, super vkusno.
Pozdrav

bojana said...

:-) bash taka.