Monday, November 22, 2010

Пилешко со мармалад од кајсии и похован кромид / Apricot jam chicken and onion rings


можеби комбинацијата звучи чудно, ама е многу вкусна. ако ви се допаѓа вкусот на сосот од мед и сенф, и ова ќе ви се допаѓа.


за двајца:
2 пилешки бели меса, без кожа и коски, исечени на коцки
3 лажици мармалад од кајсии
2 лажици сенф

за похованиот кромид:
2 големи кромида
1 шоља брашно
1 шоља вода
сол, бибер
1 лажиче каџун зачин (кој воглавно се состои од сол, бибер, црвен пипер, мелен сушен кромид и лук, магдонос, лорбер....)

измешајте ги сенфот и мармаладот, ставете ги парчињата пилешко во него и оставете ги во фрижидер да се маринираат околу пола саат. маринирањето може и да се прескокне.
ставете го месото заедно со сосот да се пече на 200°C околу пола саат или додека месото не е целосно зготвено.
за тоа време во вангла измешајте ги брашното и водата со зачините, да добиете тесто како за палачинки, малку погусто. кромидот исечете го на тенки кругови и раздвојте ги. потопете го секое кругче во тестото па ставете го да се пржи во загреан зејтин додека не се зарумени од двете страни. потоа ставајте ги на кујнска хартија да се упие зејтинот и послужете ги топли, супер се со сосот од пилешкото.


this my sound strange but it's a delicious combination, similar to the sauce made from honey and mustard.


for two:
2 skinless boneless chicken breasts, cubed
3 tablespoons apricot jam
2 tablespoons mustard

for the onion rings:
2 big onions
1 cup flour
1 cup water
salt, black pepper
1 teaspoons cajun seasoning

mix the mustard and the apricot jam, mix the chicken pieces in it and refrigirate for half an hour to marinate. marinating can be skipped.
put the meat and the sauce in a ovenproof dish and bake at 200°C for half an hour or until the meat is done.
meanwhile, the flour and the spices into the water. cut the onions in circles, dip them in the dough and fry them in hot oil until golden on both sides.
drain the onion rings on paper towels and serve warm with the chicken and apricot-mustard sauce.


Share/Bookmark

3 comments:

Daniela said...

Bravo za kombinacijata.

bojana said...

fala :-)

Ana said...

Probano :) Pileshkoto e mnogu vkusno, bravo za idejata i receptot!