Scroll down for the recipe in English.
Всушност денеска планирав да ставам друг рецепт (без тиква и покомплициран) ама сонцето грее надвор и е совршен есенски ден, па во замена за комлицираниот пост, ви го нудам ова фрапе од тиква (и сега одам да возам точак во парк и да шетам врз крцкави шарени есенски лисја).
мала чаша месо од тиква (претходно издинстана, сварена на пареа или печена, и оладена)
пола банана
околу 150 мл. млеко, млеко од соја или ванила благ јогурт
пола лажиче цимет (а може и ронка ѓумбир во прав, каранфилче во прав)
1-2 коцки мраз
Во блендер измешајте ги сите состојки околу 1 минута, дур не добиете мазно, густо фрапе. Уживајте !
Ви требаат други идеи што да правите со тиква? Еве: тиква на пареа за сладолед и мафини,
I love love love pumpkin and in the fall, I could eat it every day. This is more of an idea and less than a recipe and it's really simple.
For 1 smoothie:
1 cup pumpkin puree (from a can or cooked and cooled at home)
half a banana
~ 150 ml or just over a half cup of milk, soy milk or vanilla yogurt
half a teaspoon cinnamon (and optional: a pinch of pumpkin pie spice, or ground ginger and cloves)
1-2 ice cubes
Blend everything for a minute until smooth. Enjoy !
Need more ideas what to do with your pumpkin: pumpkin pie, pumpkin bread, pumpkin pancakes, steamed pumpkin for ice cream and muffins.
3 comments:
супер, фала за инспирацијата. и ние пиевме смути од тиква сабајлево.
Одлично. Фала за споделување :)
Fala Novica !
Maja
Post a Comment