Monday, November 29, 2010

Карфиол на пареа / Steamed cauliflower


уште еден рецепт на пареа. идејата е од книгата succesfull steam cooking на electrolux.


на пазар има убави карфиоли, па помислив да направам салата од карфиол зготвен на пареа.


згответе го карфиолот во решетка врз вода што полека врие, убаво поклопен, околу 20-30 минути, додека малку не омекне, не премногу, инаку ќе се распаѓа.


во едно тегличе ставете малку маслиново масло, балсамик оцет, сол, бибер и едно истолчено лукче. затворете ја тегличката и измучкајте. исецкајте доста свеж магдонос.
за другиот прелив измешајте 2 лажици павлака, 1 лажица мајонез, 1 лажиче сенф и 1/2 лажиче кари.
исецкајте го зготвениот карфиол на помали парчиња и еден дел посипете го со сецканиот магдонос и прелијте го со оцетот и лукчето, а другиот дел со павлаката со кари.


another steamed recipe. the inspiration came from the food market full with cauliflowers and the electrolux cookbook succesfull steam cooking.


steam the cauliflower over boiling water for 20-30 minutes, until it softens a little, but not too much, cause it will fall apart.
in a little jar pour some olive oil, balsamic vinegar, salt, pepper and a minced garlic clove. chop a bunch of fresh parsley.
for the other dressing mix 2 tablespoons sour cream, 1 tablespoon mayonnaise, 1 teaspoon mustard and 1/2 teaspoon curry powder.
cut the steamed cauliflower in bitesize pieces, or a little bigger, devide in two bowls and pour the dressings over it. sprinkle the parsley over the oil-vinegar cauliflower.


Share/Bookmark

1 comment:

Daniela said...

Karfiol mi e omilen zelenchuk...Receptov e isproban i e epten vkusen...