Monday, November 8, 2010

Колаче со дуњи / Quince cake

scroll down for the recipe in english

рецепт од тука.

ова колаче е добар начин да се направи нешто со дуњи. очекувајте наскоро и други рецепти со дуњи.

за дуњите:
3 средни дуњи, излупени и исечени на четвртинки
1 и 1/3 шољи шеќер
1 стапче цимет (или пола лажиче мелен цимет)
неколку каранфилчиња
неколку парчиња ѕвездест анис (јас тоа го немам, па ставив малку мелена кинеска мешавина од 5 зачини во која има мелен ѕвездест анис, ама ако немате ни тоа, можете да ја изоставите или да ставите малку мелен ѓумбир)
1 лимон, исечен на дебели кругови

2/3 шоља кафеав шеќер
пола путер (125 gr)

за тестото:
2/3 шоља брашно
1/2 шоља + 1/3 шоља шеќер
1 лажиче прашок за пециво
1/2 лажиче сода бикарбона
3 јајца, одвоени на белки и жолчки
1/3 шоља зејтин
сок од еден лимон (или сокот и месото од лимонот што се вареше со дуњите)



прво сварете ги дуњите во 1l вода заедно со шеќерот, зачините и лимонот, додека не омекнат, па извадете ги од течноста. 
намачкајте со малку путер тавче со пречник од 22 cm. во мало тенџере стопете го путерот и додадете му го кафеавиот шеќер, па кога убаво ќе се измешаат сипете го во округлото тавче. исечете ги дуњите на потенки кришки и наредете ги врз шеќерот, да се покрие целото дно. 
за тестото прво изматете ги белките со 1/3 шоља шеќер додека не стане цврст снег. во друг сад измешајте ги брашното, шеќерот, содата и прашокот за пециво, додадете ги жолчките, зејтинот, лимонот и една лажица од течноста во која се вареа дуњите, па полека додадете ги и белките.
сипете го тестото врз дуњите и печете го колачето во загреана рерна на 180°C околу 45 минути, или додека тестото во средината не е целосно испечено кога ќе проверите со чачкалица.
оставете го колачето да се олади, поминете со нож по ивицата на колачето да го одвоите од тавчето, па превртете го во чинија за послужување.

течноста во која се вареа дуњите никако не е за фрлање. ние ја разредивме со вода и ја пиевме како сок.


recipe from here.

poached quince:
3 medium quinces, peeled and quartered
1-1/3 cups sugar
1 cinnamon stick
a few pieces of star anise (i didn't have any, so i used some chinese five spice powder; you can skip this or put some powdered ginger)
a few whole cloves
1 lemon, thickly sliced
2/3 cup brown sugar
1/2 cup butter
cake:
2/3 cup flour
1/2 cup plus 1/3 cup sugar, divided
1 teaspoon baking powder
1/2 teaspoon baking soda
3 eggs, separated
1/3 cup vegetable oil
juice of one lemon or the meat and juice from the boiled lemon

first, poach the quince in 1l water with the sugar, spices and lemon until the quinces are tender.
now prepare the topping. butter the sides of a 9-inch cake pan generously. melt the butter in a small skillet. whisk in the brown sugar. pour into the bottom of the prepared cake pan and set aside to cool for a few minutes. now, slice the cooked quince into 1/4-inch slices and arrange decoratively in concentric circles on top of the brown sugar topping. make sure to cover the entire pan.
now prepare the cake batter. preheat the oven to 180°C. mix the flour, 1/2 cup sugar, baking soda and baking powder together in a bowl. beat in the egg yolks, oil, lemon juice and 1 tablespoon of the cooking liquid. beat the egg whites separately with the remaining 1/3 cup sugar until they hold soft peaks. fold a small amount of the whipped egg whites into the flour mixture to soften it, then fold in the remaining whites. pour into the cake pan over the quince. bake in the preheated oven for about 45 minutes, or until the center of the cake has risen and feels noticeably firm to the touch. cool the cake for 30 minutes or so, to give the topping a chance to solidify a bit. run a small knife around the edge of the cake so that it doesn’t stick to the pan and carefully flip it over onto a serving plate.

you can drink the cooking liquid as if it were juice; delute the sweetness with extra water.



Share/Bookmark

No comments: