Thursday, September 17, 2009

Пандишпан со овошје и пудинг



пандишпан во парчиња (се продава во некои самопослуги во кеси од кило)
овошје (праски, банани, јагоди...)
1 пудинг
2-3 лажици некое слатко или мармалад

во некој стаклен сад или пластична кутија (идејата е садот да има вертикални и високи ѕидови) наредете парчиња од пандишпанот во еден слој, па сецканото овошје, па една лажица слатко, па сипете пола или третина од пудингот и потоа пак тесто, овошје, слатко, пудинг. можете вака да направите 2 или три слоја, во зависност од големината на садот и количините. оставете го садот во фрижидер најмалку 2-3 саата и потоа можете да го јадете благото, ама сепак повкусно е следниот ден.

ова на сликата е комбинација од пудинг од ванила, праски и слатко од капини. добра комбинација е и пудинг од чоколадо, јагоди и слатко од јагоди, а бананите одат со сè. можете да употребите кое сакате овошје, вкус на пудинг и слатко.
Share/Bookmark

4 comments:

Maja said...

Дали се вика пандишпан или пандишпањ? Слобдона сум утре попладне за сериозна дебата !

bojana said...

:-) треба да се продискутира на таа тема!

Шеќернолимонова said...

Нема потреба од дискусија, треба само да се провери речник. :)

http://makedonski.info/search/%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D1%88%D0%BF%D0%B0%D0%BD

bojana said...

фала, шеќернолимонова :-)