Friday, August 21, 2009

Макарони со печен зеленчук и свинско со печурки



за четворица:

2 пиперки
1 среден модар патлиџан
1 тиквица
2 патлиџана
маслиново масло
сол, бибер
неколку парченца исушени патлиџани
рукола
свеж босилок
2 лажици балсамик оцет
2-3 истолчени лукчиња
здробено сирење
500 gr интегрални макарони (или обични)

во големо тавче врз фолија намачкана со малку маслиново масло ставете го зеленчукот исечен на парчиња и помешан со сол, бибер и маслиново масло. се пече во рерна 25 минути со повремено мешање на 230°C.
макароните сварете ги според упатството, исцедете ги и помешајте ги со печениот зеленчук, сувите патлиџани, руколата, босилокот, оцетот, лукчето и сирењето и додадете сол и бибер ако треба.

800 gr свинско месо
вегета
cajun
рузмарин
сенф
истолчено лукче
маслиново масло
малку црно вино
250 gr свежи шампињони

измешајте го месото со зачините и оставете го да се маринира во фрижидер неколку саати. потоа ставете го во тавче, прекријте го со печурките исечени на ливчиња и испечете го во рерна.
Share/Bookmark

No comments: