Tuesday, August 18, 2009
Пржен ориз (Fried rice)
Се вари басмати ориз, во двојно повеќе вода и се лади веднаш во тенок слој на послужавник или големо тавче. Кога ќе се олади се става во фрижидер преку ноќ. Читав на неколку страници на интернет дека ако не се олади и остави преку ноќ сварениот ориз, зрната ќе се лепат и нема да биде убаво.
Во вок или голема тава се пржи еден кромид, ситно исецкан, 2 пиперки, ситено исецкани, морков на мали коцки и сланина на мали коцки, додека кромидот не се испржи добро.
Во мал сад се мешаат 1-2 лажици соја сос и 1 лажица сос од риба (fish sauce или oyster sauce).
Варениот ориз се додава на пржениот зеленчук и се меша веднаш. Се додаваат и замрзната пченка и грашок и сол. Бидејќи има доста ориз, не може само со соја сос да се добие вистинскиот вкус, па се става и сол и на крај се полева со соја сосот и се меша додека сите зрна не се обојат.
Maja
No comments:
Post a Comment