Wednesday, August 26, 2009
Парадајз чорба
1 кромид
неколку моркови
џус од патлиџани или неколку свежи патлиџани или (според мене најдобра варијанта) неколку цели замрзнати патлиџани ( за 1l вода треба 4 патлиџани)
вегета
сол
еден компир или малку фиде
свеж магдонос
испржете го кромидот на кратко, додадете ги морковите исечени на кругчиња и пржете ги со кромидот 1-2 минути, па ставете вода, вегета, сол и изрендајте ги замрзнатите патлиџани.
ако ставате компири (исечени на коцки), ставете ги во водата пред патлиџаните, а по неколку минути варење ставете ги и патлиџаните. оставете да се вари на тивко додека не се сварат компирите. на крај ставете доста свеж магдонос.
2 comments:
Парадајз???Можевте подобро име да смислите..
ех, можевме. ама и рецептот и името се од баба ми и сакавме да остане исто.
Post a Comment