Monday, August 3, 2009

Мелено месо на индиски начин (Keema matar)


рецепт земен од Madhur Jaffrey's Quick & Easy Indian Cooking.

за 2јца:

1 помал кромид
парче свеж ѓумбир долго 5 cm* (или лажичка мелен ѓумбир)
4-5 чешниња лукче
пола лажиче лут црвен пипер
1 лажиче кумин
1 лажиче коријандер
пола лажиче турмерик или 1/4 лажиче шафран
1 патлиџан, исецкан
1/4 шоља јогурт
300 gr мелено месо
1 лажиче сол
2 лажички гарам масала
2 лажици сок од лимон
1 мала свежа лута пиперка или неколку суви чили пиперчиња
многу свеж магдонос
1 шоља замрзнат грашок и морков

кромидот, лукчето и ѓумбирот треба да бидат многу ситно исецкани. ставете ги да се пржат на средно загреан зејтин, со постојано мешање, додека малку не се заруменат.
тогаш додајте ги црвениот пипер, киминот, коријандерот и турмерикот. кратко промешајте, па ставете ги јогуртот и патлиџанот и мешајте постојано, на јако, додека патлиџанот не омекне.
додајте ги меленото месо, солта и гарам масалата. мешајте уште неколку минути, да се разбијат грутките од месото, сипете една чаша вода, ставете капак на тавчето, намалете ја јачината на шпоретот и оставете да се крчка околу 20 минути.
потоа додајте ги грашокот и морковите и пиперките и оставете да се свари грашокот и да подиспари водата.
се јаде со индиско лепче или ориз или варени компири.
Share/Bookmark

No comments: