ова е лесна пролетна салата, не само вкусна, туку и здрава. рецептот е од овде.
1/2 - 3/4 шоља просо
2 1/2 шољи вода
1 1/2 лажиче сол
2 лажици маслиново масло
2 лажици вински оцет
1 лажица сок од портокал
свежо мелен црн бибер
4 ротквици, тенко исецкани
неколку гранчиња свеж магдонос
2-3 млади кромитчиња
1/4 шоља крупно исецкани црни маслинки
1/2 голема краставица, или 1 мала, исецкана на четвртинки кругчиња
загрејте едно тавче или тенџере на средно, па во него ставете го просото да се тостира околу 7 минути, со мешање скоро цело време, додека малку не се зарумени. сипете ја водата и 1/2 лажиче сол, почекајте водата да зоврие, па намалете ја температурата, поклопете го тенџерето и варете го просото околу 20 минути, додека не омекне. тргнете го од шпорет и оставете го поклопено околу 5 минути, а потоа тргнете го капакот и оставете го да се олади.
измешајте ги маслиновото масло, оцетот, сокот од портокал, биберот и останатата 1 лажичка сол во садот во кој ќе ја послужите салатата. додадете ги ротквиците, кромитчето, краставицата, маслинките и магдоносот, промешајте, па додадете го просото и повторно промешајте. оставете ја салатата да отстои 5-10 минути пред да ја послужите.
this is a light spring salad, that is not only tasty but healthy, too. the recipe is from here.
1/2 - 3/4 cup millet
2 1/2 cups water
1 1/2 teaspoons salt
2 tablespoons olive oil
2 tablespoons red wine vinegar
1 tablespoon freshly squeezed orange juice
1/4 teaspoon freshly ground black pepper
1/2 cup halved and thinly sliced radishes
1/3 cup finely chopped fresh parsley
1/3 cup thinly sliced scallions
1/4 cup loosely packed, coarsely chopped black olives
1 cup small-dice cucumber
heat a medium frying pan over medium heat. add millet and toast, stirring frequently, until lightly browned and aromatic, about 7 minutes. stir in water and 1/2 teaspoon of the salt and bring to a vigorous simmer. cover, reduce heat to low, and cook until millet is tender, about 20 minutes. remove from heat and let sit covered for 5 minutes, then let it cool uncovered.
meanwhile, place olive oil, vinegar, orange juice, orange zest, pepper, and remaining 1 teaspoon salt in a large bowl and whisk to combine. add remaining ingredients and stir to coat. add cooled millet and stir to thoroughly combine. let sit at least 5 - 10 minutes before serving.